Кина ги повика своите граѓани да ја напуштат УКРАИНА: Амбасадата ќе помогне во ЕВАКУАЦИЈАТА

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика кинеските граѓани да ја напуштат територијата на Украина.

Министерството, како и кинеската амбасада во Украина, упатија апел до кинеските граѓани да ја напуштат Украина, додавајќи дека амбасадата ќе помогне во евакуацијата, пишува весникот „Глобал тајмс“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг претходно изјави дека Пекинг се надева на брза деескалација на ситуацијата во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави претходно оваа недела дека Русија возвратила со удари на украинската инфраструктура користејќи прецизно наведувано оружје како одговор на „злосторствата извршени од Киев врз руската цивилна инфраструктура“.

Путин го осуди бомбардирањето на 8 октомври на мостот на Керченскиот теснец, познат и како Кримски мост, велејќи дека таков терористички чин не може да остане без одмазда. Во текот на оваа недела беа извршени прецизни напади врз украинската инфраструктура.

Слични содржини