Кина и Русија да се обврзат дека за нуклеарната бомба никогаш нема да одлучува вештачката интелигенција

од Илинка Илиоска
235 прегледи

Претставникот на Стејт департментот во Бирото за контрола на оружјето, Пол Дин, денеска ги повика Кина и Русија да објават декларација по примерот на САД, во која тие се обврзуваат дека за употребата на нуклеарно оружје секогаш ќе одлучуваат луѓето, а не вештачката интелигенција. Дин изјави дека Франција и Велика Британија се обврзале на истото и додаде дека САД би поздравиле „слична изјава од Кина и Русија.

Сметаме дека тоа е исклучително важна норма за одговорно однесување и мислам дека тоа е нешто што би било многу добредојдено во контекст на П5“, рече Дин, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

За вештачката интелигенција станало збор и на средбата меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг, кога било договорено првите билатерални разговори на оваа тема да се одржат во наредните недели.

Ројтерс објави дека американските и кинеските власти ги продолжиле разговорите за нуклеарното оружје во јануари оваа година, но формални разговори за контрола на оружјето не се очекуваат наскоро.

Кина, која го проширува својот нуклеарен арсенал, во февруари посочи дека најголемите нуклеарни сили прво треба да се договорат меѓу себе дека никогаш нема да користат нуклеарно оружје прво.

Слични содржини