Кина: Испраќањето оружје во Украина само го продолжува и ескалира конфликтот

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Кина ги критикуваше активностите на Западот во украинската криза и рече дека обезбедувањето офанзивно оружје за Киев „само ќе го продолжи и ескалира конфликтот“, како и дека последиците од воведените санкции кон Москва најмногу ги чувствуваат земјите кои не се страни во конфликтот.

Постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Џун, рече дека изгледите за долготраен конфликт во Украина се „загрижувачки“ и ги повика страните да вложат напори за нивно прекинување.

Во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, тој ги повика Русија и Украина да се одлучат за дијалог и преговори и континуирано да работат на намалување на разликите за да се исполнат условите за прекин на огнот, пишува британскиот весник.