Кина ја поврза најголемата соларна централа во пустината на мрежата

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Оваа недела Кина ја поврза најголемата соларна централа во пустината на мрежата со цел да ја намали потрошувачката на јаглен и штетните емисии кои произлегуваат од согорувањето на фосилните горива, пренесува Блумберг.

Не само што е најголемата соларна централа во пустината, туку е и еден од најголемите соларни проекти во светот во целина.

Моќта на овој објект на можеби неочекувана локација е четири гигавати.

Соларната централа се наоѓа во Централна Азија, поточно во пустината Такла Макан, која зафаќа огромна површина приближно колку цела Германија.

Тоа е најголемиот проект што Кина го има развиено досега во нејзините напори да развие 455 гигавати обновливи извори на извори низ пустините до крајот на деценијата.

Но, покрај производството на електрична енергија, соларните централи во пустините се еден од клучните средства во кинеската „војна против песокот“.

Кина е меѓу земјите најтешко погодени од опустинување, односно деградација на земјиштето во сувите области, што дополнително се влошува со климатските промени. Кога ќе се случи опустинување, земјата всушност станува помалку продуктивна.

За да се справат со понатамошното ширење на песокот, Кинезите започнаа програма за садење дрвја и вегетација околу Такла Макан во 1978 година, позната како Големиот зелен ѕид. До средината на векот се планира пошумување на површина од 350 илјади километри во северните региони на Кина, се за да се запрат песочните бури, да се стабилизира почвата и да се подобри плодноста.

Со развојот на технологијата во последните години, Кина доби уште еден важен сојузник во борбата против опустинувањето – соларните централи. Панелите се користат како еден вид пречка која ја намалува брзината на ветерот, но и го запира појавувањето и ширењето на песочните бури.

Но, надвор од тоа… За да може соларната енергија да работи во суровите пустински услови, компаниите мора прво да преземат различни заштитни мерки – од кои сите помагаат во „војната против песокот“ на различни начини.

На пример, потребни се огради околу соларните централи кои го спречуваат пристапот на животните. Потребно е и да се постават мрежи против прашина за да не се таложи песок на опремата, но и да се направат т.н. шахови од слама што го блокираат движењето на блиските песочни дини, објасни д-р Хе Жиџијанг од Истражувачкиот центар за енергетска транзиција и социјален развој на Универзитетот Цингхуа во Пекинг за Carbon Brief, медиум специјализиран за климатски промени.

Конечно, соларните панели можат значително да ја зголемат влажноста на почвата во сувите области и на тој начин да го подобрат растот на растенијата.

Развојот на обновливите извори во Кина не се однесува само на сончевата енергија и оди подалеку од пустините. Оваа земја е лидер на глобалната енергетска транзиција, а во 2023 година разви 51% од нови соларни електрани и 60% од ветерни електрани ширум светот.

Сепак, и покрај импресивниот напредок на обновливите извори, Кина во исто време останува убедливо најголем светски потрошувач на јаглен. Над 60% од електричната енергија во Кина минатата година потекнуваше од ова фосилно гориво.

Земјата планира да достигне до врвот на употреба на јаглен до крајот на деценијата, а некои предвидувања велат дека тоа би можело да се случи веќе следната година благодарение на развојот на чиста енергија. Кога станува збор за неутралност од јаглеродот, кон неа се тежи до 2060 година.

Слични содржини