Кина му порачува на НАТО да не создава хаос во Азија, а го отфрли и тврдењето дека таа ја помага војната во Украина.
„Обвинувањата на НАТО за одговорноста на Кина за војната во Украина се неразумни и имаат злонамерни мотиви“, изјави портпаролот на Кинеското министерство за надворешни работи, Лин Џијан, нагласувајќи дека неговата земја има фер и објективен став за украинското прашање.
Тој рече дека „таканаречената безбедност“ на НАТО доаѓа по цена на безбедноста на другите земји и дека Кина го поддржува тврдењето на Москва дека проширувањето на НАТО претставува закана за Русија.
„Пекинг го повикува НАТО да престане да се меша во внатрешната политика и да го нарушува имиџот на Кина и да не создава хаос во азиско-пацифичкиот регион, по создавањето немири во Европа“, рече Лин.