Кина: Најголем број новозаразени од крајот на јануари

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Во Кина потврдени се 76 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, што е највисок дневен биланс од крајот на јануари, откако се појави жариште во Нанџинг, главниот град на провинцијата Џиангсу на истокот на земјата.

Бројот на нови инфекции во тој град продолжува да расте, така што во последните 24 часа се пријавени 38 нови случаи, со што вкупниот број на пациенти се искачи на 60 во последните денови.

Десетици илјади луѓе се под блокада, а властите спроведуваат масовно тестирање, што е вообичаена практика во Кина, која е успешна во контролата на ширењето на инфекцијата уште од почетокот на пандемијата, пренесе „АП“ .

Друг локално пренесен случај е откриен во блискиот град Сукијан, како и друг во провинцијата Лиаонинг во североисточна Кина, а и обете инфекции се поврзани со жариштето во Нанџинг.

Исто така, пријавени се 36 увезени случаи, од кои половина се во провинцијата Јунан на границата со Мјанмар, која исто така се соочува со големо зголемување на бројот на новоинфицирани.

Од почетокот на пандемијата, во Кина се регистрирани 87.228 случаи на коронавирус, а починале 4.636 лица.