318
Сите обиди за воспоставување независност на кинескиот регион Тајван се осудени на неуспех, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи откако Лаи Чинг-те ја презеде функцијата нов тајвански претседател.
„Независноста на Тајван е ќорсокак“, соопшти кинеското министерство.
Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска соопшти дека Лаи испратил „опасни“ сигнали за време на инаугурацијата со цел да се поткопа мирот и стабилноста, пренесува „Ројтерс“.