Кина очекува рекордни 700 милиони патнички летови годинава

од Milan1
12 прегледи

Кина очекува дека годинава ќе оствари рекордни 700 милиони патнички летови, надминувајќи ги бројките постигнати пред пандемијата со коронавирусот, изјави шефот на кинеската Управа за цивилно воздухопловство, Сонг Жијонг, на Самитот за безбедност на воздухопловството во Азија и Пацификот.

Прогнозата на Пекинг е значително повисока од 619,9 милиони патнички летови реализирани во 2023 година, пренесуваат светските агенции.

Вкупниот број на авионски патувања во Кина се зголеми за девет отсто во првата половина на 2024 година во споредба со истиот период во 2019 година.

Приходите од туризмот во Кина се зголемија за 47,4 отсто на годишно ниво во текот на осумдневниот празник Лунарната нова година, поттикнати од силниот раст на бројот на патувањата во земјата.

Во Кина имаше и зголемување на бројот на меѓународни патнички летови по повод Олимписките игри во Париз.

Слични содржини