Кина поддржува директен дијалог меѓу Русија и Украина

од Milan1
6 прегледи

Кина изјави дека поддржува „директен дијалог“ меѓу Русија и Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека двете земји „веднаш“ ќе започнат мировни преговори по разговорот со Владимир Путин.

„Кина ги поддржува сите напори насочени кон постигнување мир“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Кина во вторникот изјави дека поддржува „директен дијалог и преговори меѓу Русија и Украина и е посветена на политичко решение на кризата“, објави агенцијата Франс Прес.

„Кина се надева дека вклучените страни ќе продолжат со дијалогот и преговорите за да постигнат праведен, траен и обврзувачки мировен договор прифатлив за сите страни“, рече Мао.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Трамп пред и по разговорот со Путин.

Доцна во понеделник навечер, Зеленски објави на X дека Украина е подготвена за целосен прекин на огнот и директни преговори со Москва, но доколку Русија одбие, потребни се построги санкции.

„На почетокот од нашите билатерални разговори, му потврдив на претседателот Трамп дека Украина е подготвена за целосно и безусловно примирје, за кое конкретно разговараа САД. Важно е да не се разводнува овој предлог. Ако Русите не се подготвени да ги спречат убиствата, мора да има построги санкции. Притисокот врз Русија ќе ја турне кон вистински мир тоа е очигледно за сите во светот“, рече Зеленски.

Слични содржини