Кина: САД да објават сè за биолошките лаборатории во Украина

од Milan1
236 прегледи

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги обелоденат сите информации во врска со биолошките лаборатории во Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџен.

Неговата изјава дојде откако руското Министерство за одбрана во неделата објави дека има докази за воено-биолошка програма развиена во Украина, која ја финансираат САД, пренесува „Спутник“.

„Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ја разјасни својата активност по прашањето за биолошката милитаризација во земјата и во странство“, рече Лиџен.

Тој исто така изјави дека ова е само „врвот на ледениот брег“, бидејќи, според Пекинг, Америка контролира 335 биолошки лаборатории во 30 земји во светот.

„Со својата политика на проширување на НАТО на исток, САД фрлија огромно дрво во огнот на украинската криза“, рече Лиџен.

Тој подвлече дека Кина отсекогаш верувала дека безбедноста на едната страна не може да се обезбеди на сметка на безбедноста на другите земји и дека регионалната безбедност не може да се обезбеди на сметка на проширувањето на воените блокови.

Слични содржини