Кина се закани со одмазда за американските конгресни документи за Хонг Конг

од desk2
Кина денеска соопшти дека ќе преземе контрамерки откако Долниот дом на американскиот Конгрес усвои три документи во кои се изразува поддршка за демонстрантите во Хог Конг.
Кинеското Министерство за надворешни работи наведе дека моменталните проблеми во Хонг Конг немаат врска со „таканаречените човекови права и демократијата, туку со насилството“ .

Кинеското МНР наведува дека Претставничкиот дом на Конгресот ги „игнорира фактите, меша црно и бело, и применува двојни стандарди во кривичните дела како подметнување пожари и  уништување продавници во име на човековите права и демократијата“.

Доколку усвоените нацрти станат закони тоа ќе им нанесе штета не само на кинеско-американските односи, туку и на американските интереси во Хонг Конг, тврди Пекинг.

Антивладините протсти во Хонг Конг траат веќе четири месеци.

Слични содржини