228
Кина внимателно ја следи ситуацијата во Украина, а кинеската амбасада работи во вообичаен режим, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ван Венбин.
Ванг на брифингот рече дека кинеската амбасада и конзулатите во Украина работат како и обично, пренесува РИА Новости.
Односите меѓу Западот и Русија ескалираа поради Украина, а некои западни земји наредија повеќето вработени во нивните амбасади да ја напуштат Украина.