Кинески електричен автомобил остана без батерија додека возел (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сè уште не сме го виделе ова, но секогаш има време за сè, вклучувајќи го и она што се случи во Ченгду, Кина. За време на возењето, на еден електричен автомобил му „испаднала“ батеријата и тој завршил на сред пат, а автомобилот застанал малку подалеку.

Во прашање е автомобилот Cao Cao 60 на кинеската марка Cao Cao Mobility. Споменатиот автомобил е дел од понудата на компанијата за мобилност и може да се вози со претплата, велат од „ХАК“.

Автомобилот чини околу 17.000 евра, а батеријата му дава автономија од 415 километри. Од компанијата, која е дел од кинескиот гигант Geely, истакнуваат дека нивната гаранција е за 600.000 километри.

Cao Cao 60 функционира како модел што може да се замени со батерии, што е интересен концепт бидејќи менувањето батерии е побрзо од полнењето. Замената мора да се направи без грешка, а батеријата мора да седи на своето седиште.

Во случај на најмала грешка, може да се случи – ова!

Слични содржини