Кинески научници создадоа куче робот за да им помогне на лицата со оштетен вид

од Milan1
43 прегледи

Kкинеските научници од Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај создадоа куче робот за да им помогне на лицата со оштетен вид. Тоа е помалку влакнесто од вистинските кучиња и има шест нозе, а се смета дека еден ден може да им помогне на лицата со оштетен вид да водат понезависен живот.

Роботската верзија на кучето водич, која моментално се тестира во теренски услови, е способнa да се движи низ физичкиот свет преку камери и сензори и може да препознае семафори, што вистинските кучиња водичи не го можат, пренесува „Ројтерс“.

Кучето робот е приближно со големина на расата на кучиња – англиски булдог и со употреба на вештачка интелигенција интегрирана во технологијата за препознавање глас, планирање маршрути и идентификација на семафори, може да комуницира, слуша и разговара со лица со оштетен вид, а неговите три пара нозе му помагаат лесно да оди со максимална стабилност.

Сопружниците Ли Феи (41) и Жу Сибин (42) се лица со оштетен вид кои му помагаат на тимот научници да го тестираат кучето робот користејќи команди на кинески.

Слични содржини