Кинескиот БДП со стапка на економски раст од 4,8 отсто во првиот квартал

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Бруто домашниот производ (БДП) на Кина порасна посилно од очекуваното во првиот квартал од 2022 година, и покрај влијанието на „заклучувањето“ во некои делови од земјата во март.

Стапката на економски раст во првите три месеци изнесува 4,8 отсто на годишно ниво, што е над прогнозата на аналитичарите од 4,4 отсто, покажуваат денешните податоци на Националното биро за статистика.

Инвестициите во основни средства се зголемени за 9,3 отсто во однос на претходната година.