Кинезите го купија Џек Волфскин за 263 милиони евра

од Milan1
194 прегледи

Групацијата за спортска опрема „Анта Спортс“ со седиште во Хонг Конг го купи германскиот производител на облека Џек Волфскин, кој од 2018 година беше во сопственост на американската компанија Топголф Калавеј Брендс, за 263 милиони евра.

Американците за овој германски бренд платија 418 милиони евра. Во Џек Волфскин годинава очекуваат да имаат продажба од 325 милиони евра и оперативен профит од 12 милиони евра. Две третини од нивната вкупна годишна продажба генерално се остварува во втората половина од годината. Инаку, тие вработуваат 1.500 луѓе.

„Анта Спортс“ објави дека оваа аквизиција е насочена кон проширување. Како што наведоа, ова е чекор во нивната стратегија за глобална експанзија.

Оваа кинеска компанија е меѓународно призната преку финската филијала „Amer Sports“, која котира на Њујоршката берза. „Amer Sports“ е дел од кинески конзорциум од 2019 година и поседува брендови како „Atomic“, „Salomon“, „Wilson“, „Peak Performance“ и „Arctery“.

Џек Волфскин е основан во раните 1980-ти. Американската инвестициска компанија „Blackstone“ стана сопственик на овој германски бренд во 2011 година со 700 милиони евра. Но, експанзијата во странство не успеа, поради што Блекстоун беше принуден да го продаде Џек Волфскин на група хеџ-фондови кои ја префрлија сопственоста на Калавеј, пишува австрискиот весник Стандард.

Слични содржини