297
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека постепеното испуштање прочистена радиоактивна отпадна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот Океан, што неговата влада има намера да го започне наскоро, ќе биде безбедно.
Кишида го изјави тоа за време на посетата на градот Фукушима само неколку часа по враќањето од трипартитниот самит со американските и јужнокорејските лидери во Кемп Дејвид, САД.
Пред да го напушти Вашингтон во петокот, Кишида рече дека е време да се одлучи за датумот за пуштање на пречистената вода, што се уште не е одреден поради контроверзите околу планот на јапонската влада и бројните протести дома и во странство против одлуката.