Kiss продаде се што имаше – песни, авторски права, изглед – за 300 милиони долари

Продажбата се совпадна со повлекувањето на бендот од настапите во живо, што беше обележано со масовната светска турнеја End of the Road.

од Бети Божиноска
283 прегледи

Хард рок групата Kiss ги продаде целиот свој бренд, имиџ и сите авторски права на музички инвеститор од Шведска за 300 милиони долари. Компанијата Pophоusе Entertainment го купи брендот, изгледот и интелектуалната сопственост на бендот за 300 милиони евра.

Продажбата се совпадна со повлекувањето на бендот од настапите во живо, што беше обележано со масовната светска турнеја End of the Road. Kiss ја започна турнејата во јануари 2019 година, а заврши во декември 2023 година со концерт во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Претходно, музичарите Боб Дилан и Брус Спрингстин ги продадоа сите свои дела и авторски права, првиот за 500, а вториот за 450 милиони долари.

Иако деталите за зделките не се објавени, засега е познато дека Pophоusе Entertainment ќе ги поседува не само правата на музиката на Kiss, туку и целиот бренд на бендот, вклучувајќи ги и приходите од продажба на интелектуална сопственост, што ќе ѝ овозможи на шведската компанија да заработи од содржината создадена од вештачката интелигенција, како и самата да произведува содржина со помош на вештачка интелигенција (АИ).

Компанијата претходно соработуваше со Kiss на проектот за дигитални аватари, а беше и продуцент на концертите на Abba Voyage на сличен принцип.

Kiss е основан во 1973 година од фронтмените Пол Стенли и Џин Симонс. Бендот стана светски познат по своите костими и по насликаните лица на настапите, а прв пат се појави без маски во 1983 година.

За време на својата 50-годишна кариера, Kiss продаде околу 100 милиони носачи на звук.

Слични содржини