Лени Клум, ќерката на познатата манекенка Хајди Клум, ужива на луксузен одмор на југот на Франција, притоа покажувајќи ги сите свои адути.
19-годишната манекенка е видена како се сонча во сино бикини на јахтата на нејзиниот татко, италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе. Лени се забавува во друштво на пријатели, лежејќи на палубата.
Иако Флавио ѝ е татко, поранешниот очув Сил ја посвоил Лени пред многу години. Нејзината мајка Хајди неодамна беше на одмор во Италија со својот сопруг, гитаристот на „Токио хотел“, Том Каулика.
Лени тргна по стапките на нејзината мајка како модел и ја покажа својата импресивна фигура во бикини. На сончање ѝ се придружил и нејзиниот татко и заедно поминале квалитетно време.
View this post on Instagram
Лени инаку е успешна во светот на манекенството, а пред две години се појави на насловната страна на германскиот Vogue.