По ажурирањето на руската нуклеарна доктрина, во светот се зголеми загриженоста дека една од светските земји може да му зададе таков удар на својот непријател, а платформата „Полимаркет“ понуди можност за обложување дали нуклеарен напад ќе се случи пред крајот на 2024 година.
Во понудата се наведува дека доколку било каде во светот се употреби нуклеарно оружје помеѓу 1 јули 2024 година и 31 декември 2024 година, облогот „Да“ победува, пренесува Униан.
Според украинската агенција, процентот на луѓе кои се обложиле дека ќе се случи нуклеарен напад пред крајот на годината бил прилично низок.
Откако Путин ја одобри новата нуклеарна доктрина, луѓето почнаа почесто да се обложуваат дека тоа е можно (околу 15 проценти во просек), според соопштението на Полимаркет, американска финансиска берза и најголемиот светски пазар за предвидување, со седиште во Менхетен.
Забележано е дека од денес, 9 отсто од луѓето веруваат дека една од светските земји може да изврши нуклеарен напад пред крајот на 2024 година.