Кланот на Веља Невоља го киднапирал Митиќ, му го отсекле палецот и го заклале (ВИДЕО)

од Milan1
371 прегледи

Кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ е обвинет за дури седум ликвидации, меѓу кои и убиството на Никола Митиќ. Митиќ е ликвидиран на 10.08.2020 година, а осомничените се товарат дека го заклале, а потоа му го сечеле телото и го мелеле, пишува српскиот портал „Нова.рс“.

За убиството на Митиќ се осомничени Беливук, Миљковиќ, Милош Будимир, Срѓан Лалиќ, Бојан Хрватин, Дејан Тешиќ, Алекса Стошиќ, Владимир Грек, Владе Драганиќ, Никола Спасојевиќ и Сенад Решовиќ.

Митиќ беше киднапиран недалеку од американската амбасада, пред голем број луѓе. Тогаш бил пресретнат неговиот автомобил „хонда“, по што го извадиле од возилото и го ставиле во „шкода суперб“.

Оштетениот потоа бил однесен во таканаречената „база“ на стадионот на Партизан, каде обвинетите со тепање барале да каже кој го испратил да ги следи. Му го зеле телефонот „скај“, а потоа утврдиле дека е во контакт со Лазор Вукиќевиќ, исто така жртва на овој клан. Го мачеле во „базата“, а обвинетиот Лалиќ ги бришел снимките од камерите за да ги отстрани трагите.

Митиќ потоа бил одведен во куќа во Ритопек, која ја користеле членовите на кланот Беливук-Миљковиќ за ликвидации. Таму на Митиќ прво му го отсекле палецот на ногата, а потоа го заклале.

Следниот ден, на 11 август, обвинетите го распарчиле Митиќ, го мелеле во индустриска машина за месо, го спакувале во вреќи и го фрлиле во Дунав.

Инаку, обвинетите го фрлиле телефонот на Митиќ во Дунав, додека неговиот автомобил „хонда“ го оставиле на Кошутњак, на улицата Пере Велимировиќ, каде што бил пронајден на 01.05.2021 година.

Убиениот Митиќ бил близок со Лазар Вукичевиќ, инаку жртва на кланот Беливук-Миљковиќ.

Слични содржини