Кличко: Русите го убија мојот колега додека делеше леб на луѓето

од Milan1
220 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео најава на Телеграм рече дека Киев ќе се брани од рускиот окупатор.

„Главниот град се подготвува за одбрана. Ги замолувам сите луѓе да останат мирни. Бидете дома, или кога ќе го слушнете алармот, во засолништа. Киев ќе преживее! Ќе се брани со сите сили“, е дел од пораката на Виталиј Кличко во новото видео обраќање.

„Во близина на Киев продолжуваат жестоките борби. Со посебен бес непријателот ги уништува Буча, Хостомел, Ворзел, Ирпин. Тој намерно убива цивили. Тие го убија шефот на Хостомел, Јуриј Прилипко. Кога на луѓето им делеше леб и лекови. Ова е мојот колега, кого добро го познавам. Тој беше со својата заедница до последниот здив“, рече Кличко.

Украинскиот градоначалник рече дека украинските градови херојски се бранат и додека армијата храбро ја брани Украина, а цивилите бестрашно протестираат против окупаторите.

Слични содржини