Климатските промени им се закануваат на плантажите со банани

од Milan1
13 прегледи

Бананите се сè повеќе загрозени од климатските промени, додека производителите тврдат дека екстремните временски услови им ги „убиваат“ посевите, се вели во извештајот.

Анализата на меѓународната добротворна организација за развој „Кристијан Еид“ објавена во понеделник покажува дека растечките температури и штетниците поврзани со климата ги ставаат бананите во опасност.

Утврдено е дека речиси две третини од најсоодветните области за одгледување банани во Латинска Америка и Карибите – регион одговорен за околу 80 проценти од светскиот извоз на банани, би можеле да бидат изгубени до 2080 година поради климатските промени.

Бананите растат во температурен опсег помеѓу 15 и 35 степени Целзиусови, но тие се исто така многу чувствителни на недостаток на вода, што значи дека сè поекстремните временски услови влијаат на способноста на растението да преживее.

Болести како што е „fusarium tropicala 4“, исто така, се појавија како растечка закана во последниве години, предизвикувајќи губење на цели фарми низ Латинска Америка.

„Кристијан Еид“ цитираше земјоделци во регионот кои велат дека нивните фарми „умираат“, што пак влијае на нивните приходи.

Во светлината на наодите, „Кристијан Еид“ ги повикува развиените земји итно да ги намалат емисиите на јаглерод за да ги спречат растечките влијанија од климатските промени.

Исто така, се повикува на меѓународно финансирање за климатските промени за да се поддржат одгледувачите на банани и земјоделските заедници во прилагодувањето кон климатските промени.

Слични содржини