Климатските промени ја намалуваат бројноста на птиците преселници

од Milan1
341 прегледи

Климатските промени ги менуваат животните услови на кои сме се прилагодиле, а тоа особено влијае на дивите видови кои еволуирале со векови за да се прилагодат на нивните природни живеалишта. Истражувачите од Колеџот за земјоделски, потрошувачки и еколошки науки на Универзитетот во Илиноис спроведоа истражување за влијанието на климатските промени врз птиците, а нивната студија беше објавена во списанието „Science Direct“.

Анализирајќи ги популациите на птиците помеѓу 1980 и 2015 година, заедно со климатските податоци од истата временска рамка, истражувачите открија умерено намалување на вкупниот број и разновидност на птиците, со поголем пад на видовите преселници и птиците приспособени да живеат во специфични екосистеми.

Коавторот на студијата Луи Чен, доцент на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг, рече дека обичните птици како врапчињата, кои населуваат широк опсег на живеалишта низ Северна Америка, се помалку погодени од климатските промени. Според анализата, популацијата на обичните видови птици се намалила за околу 2,5 отсто помеѓу 1980 и 2015 година.

Ендемските видови, како што се пегавиот був и клукајдрвецот, се многу повеќе погодени од климатските промени бидејќи бараат специфични услови на живеалиштата, па секоја промена во животната средина ги става на голем ризик. Чен вели дека климатските промени се одговорни за околу пет проценти од намалувањето на популацијата на птиви помеѓу 1980 и 2015 година, а загубите до 16 проценти се предвидени до крајот на векот.

Кога станува збор за птиците преселници, иако овие видови имаат способност да се преселат на поповолни локации, климатските промени можат да ги променат условите за живот на нивната крајна дестинација.

„Овие птици имаат модели на миграција долга генерација. Ќе мигрираат без разлика на се, а не знаат што ги чека на другиот крај. Можеби ќе им биде премногу топло или суво“, вели еден од авторите на студијата, проф. Маду Кана, која додава дека климатските промени може да влијаат на снабдувањето со храна долж нивната миграциска рута.

Очигледно е дека климатските промени имаат значително негативно влијание врз птиците, па Кана напоменува дека тоа е уште поголема причина да се направат посериозни напори за што поскоро ублажување на климатската криза.

Слични содржини