Климатските промени ќе ја зголемат смртноста во Европа за 50 отсто до крајот на векот

од Aneta Risteska
37 прегледи
Екстремните температури предизвикани од климатските промени би можеле да ја зголемат смртноста во Европа за повеќе од 50% до 2100 година, предупредува Гардијан повикувајќи се на нова студија објавена во Nature Medicine.
Истражувањето открива дека, без значајни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, регионот ќе се соочи со сè потешки топлотни и студени бранови.

Јужна и Источна Европа ќе бидат најтешко погодени, а најзагрозени се постарите лица и ранливите заедници, кои се соочуваат со ограничен пристап до здравствена заштита и ресурси.
Научниците истакнуваат дека ризикот се зголемува со секоја дополнителна година без ефикасна акција.

„Итно е потребно да се намалат емисиите на стакленички гасови и да се инвестира во адаптација – од подобрување на инфраструктурата до зајакнување на здравствените системи,“ се вели во извештајот.

Photo: Freepik

Слични содржини