Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево и Министерството за здравство на Сараевскиот кантон објавија детали околу трагичната смрт на 16-годишно девојче, кое почина по компликации по вадење заб, објавуваат медиумите.
Колективот на Клиничкиот центар изрази сочувство за загубата на младата пациентка, која била подложена на процедура во приватна клиника. Центарот најави дека ќе побара вештачење за да се утврдат околностите што довеле до нејзината смрт.
„За нас професионалците, колку и да сме подготвени, смртта е секогаш тешка, особено кога станува збор за млад живот. Поради тоа, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на КС побараа внатрешен стручен надзор над лекувањето на пациентката за да се утврдат сите факти и текот на нејзиното лекување“, соопштија од Клиничкиот центар.
Првичните информации укажуваат дека по извршената интервенција во приватната ординација, здравствената состојба на девојката се влошила.