14
Во пресрет на одбележување на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните.
– Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ.
На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алкохолни пијалаци, информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
Исто така, посебен апел да не се користат пиротехнички средства заради можност од сериозни телесни повреди кои може да предизвикаат инвалидитет.