Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive” доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина

од Milan1
25 прегледи

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, ја известуваме јавноста дека барањето беше поднесено од “The Distinguished Gentleman’s Drive” 2024 клубот кој традиционално по 4-ти пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон, велат од ЈПДП.

-The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање.

Слични содржини