Според последните извештаи од фронтот во Украина, украинските сили зазеле позиции на источниот брег на реката Дњепар во јужниот регион Херсон. Ова е регион кој е делумно под контрола на руските сили, поради што преминувањето на реката може да се покаже како многу важно во идната украинска контраофанзива.
Американскиот институт за безбедност и одбрана за проучување на војната, како и руските воени блогери, објавија доволно количество геолокацирани снимки што го потврдуваат украинскиот премин на Дњепар до источниот брег.
Минатата година Украина го ослободи градот Херсон од руска окупација – единствениот главен град на регионот што Русија успеа да го освои од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Русите потоа се повлекле на источниот брег на Дњепар.
Зошто е важно да се премине реката Дњепар?
Украинската армија, која одржува политика на молчење за контраофанзивни дејства, не го потврди преминувањето на Дњепар, додека Москва негира дека украинските сили преминале на источниот брег на реката.
Меѓутоа, ако се точни извештаите дека украинските сили зазеле позиции на источниот брег, тоа може да се покаже многу значајно во идните обиди на Киев да ги протера руските сили. Имено, украинскиот напредок во таа област во иднина би можел да обезбеди копнен коридор до полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.