Кој е новото момче на Моника Белучи: Бил во врска со позната актерка (ФОТО)

од Radmila Tasevska
189 прегледи

Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот.

Јавноста беше изненадена од веста дека популарната актерка Моника Белучи е во врска со Тим Бартон.

Заедничките фотографии на кои се гледа парот како шета за рака низ улиците на Париз, ги објави „Paris Match“ и ја опишаа нивната врска како „удар на судбината“.

Нивната врска се развила во најголема тајност, а тие првпат се сретнале во Кан во 2006 година, но, наводно, првпат долетале искри минатиот октомври на филмскиот фестивал Лумиер во Лион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Match (@parismatch)

 

Партнерот на убавата актерка е култен режисер, познат по својата по малку мрачна иконографија и извртената смисла за хумор.

Моника Белучи беше во брак со Венсан Касел четиринаесет години, со кој имаше ќерки, а со поранешниот партнер остана во добри односи.

Тим Бартон беше во врска со актерката Хелена Бонам Картер, со која има две деца. Двојката се раздели по 13 години, на крајот на мај 2022 година.

Како што тогаш изјавија за медиумите од тимот на актерката, двојката се разделила со заедничка согласност и останале во пријателски односи, пишува „Пипл“.

Хелена и Тим никогаш не се венчале, а за прв пат се запознале во 2001 година, кога Бартон го режираше филмот „Планета на мајмуните“ во кој таа ја глумеше Картер. Од тој момент, тие работеа заедно во неколку наврати на различни филмски продукции.

Слични содржини