Сите три партии од германската владејачка коалиција на канцеларот Олаф Шолц постигнаа полоши резултати на денешните избори за Европскиот парламент (ЕП) отколку на претходните избори во 2019 година, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) постигна подобри резултати од претходните избори ги прикажуваат резултатите од излезната анкета што ги објави телевизијата АРД.
Меѓу коалициските партнери, најголем пад на поддршката има за Зелените, кои според излезната анкета освоиле 12 отсто, што е значително помалку од 20,5 отсто што ги освоија на изборите во 2019 година, објави Ројтерс.
Социјалдемократската партија на Германија (СДП) на Шолц, според истражувањето, добила 14 отсто од гласовите на денешните избори во споредба со 15,8 отсто во 2019 година, а Слободните демократи паднале на пет отсто од поддршката од 5,4 отсто во 2019 година.
Коалицијата на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), според анкетата, се очекува да биде на прво место со 29,5 отсто од гласовите, наспроти 28,9 отсто на изборите во 2019 година, додека АфД го зазеде второто место со 16,5 отсто освоени наспроти 11 отсто во 2019 година.
Политико најави дека социјалдемократите на Шолц на денешните избори ќе ги постигнат најлошите резултати на европските избори досега.
Се предвидува дека СДП ќе заврши на третото место со 14 отсто од гласовите, што е пад од речиси два отсто во однос на пред пет години, пренесува Танјуг.