(ВИДЕО) Кога бил ослободен од Хамас, рекол дека им се радува на сопругата и ќерките, не знаел дека се убиени

од Milan1
132 прегледи

Израелски заложник, Ели Шараб, кој вчера беше ослободен од Газа, не знаел дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, сè до неговото ослободување, потврди неговото британско семејство.

Хамас, за потсетување, го киднапираше Ели Шараб пред 16 месеци и го ослободи вчера во Деир ал Балах во Газа. Неговата сопруга Лиен Шараби, по потекло од Бристол, и ќерките Ноија (16) и Јахел (13) биле пронајдени мртви во домот во Израел по нападот на Хамас.

Родителите на Лијан, Гил и Пит Бризли, денеска изјавија за Би-Би-Си дека војник на израелската армија (ИДФ) му ја кажал веста за неговото семејство. Пред тоа не знаеле дали Шараби знаел дека неговата сопруга и ќерките се убиени во нападот.

Шараби беше еден од тројцата заложници кои Хамас вчера му ги предаде на Црвениот крст како дел од договорената размена на затвореници како дел од примирјето.

Слични содржини