Погледнете кои од нив се најдоа на врвот на листата во истражувањето кое зеде предвид три различни параметри.
Меѓу 100-те најпопуларни апликации, кои најмногу ја трошат батеријата на вашиот паметен телефон, зафаќаат најмногу меморија и ја забавуваат неговата работа?
При изборот беа земени предвид три параметри: колку функционалност користи секоја апликација (да речеме, камера или локација), користење на батеријата и достапност на темниот режим (dark mode).
Кога овие три фактори ќе се разгледаат заедно, ова се првите десет апликации:
1) Fitbit
2) Uber
3) Skype
4) Facebook
5) Airbnb
6) Instagram
7) Tinder
8) Snapchat
9) Whatsapp
10) Zoom
YouTube, Booking.com, Amazon, Telegram и Linkedin исто така се доста високо рангирани.
На прв поглед е очигледно дека на листата доминираат апликациите за социјално вмрежување, од кои три се контролирани од Facebook.
Facebook, Instagram, Snapchat, Youtube, WhatsApp и Linkedin користат во просек 11 дополнителни функции во позадина, што значително ја оптоварува батеријата на вашиот уред.
Најголеми потрошувачи на меморија
Меѓу апликациите кои зафаќаат најмногу меморија се Uber (и Uber Eats), Fitbit, Facebook, PayPal, Microsoft Teams, YouTube (и YouTube Music), Airbnb, TikTok, Linkedin, Snapchat, Duolingo, Slack, Tinder, Instagram, Spotify…
Ако се борите со недостатокот на простор за складирање на вашиот телефон, би било вредно да замените одредени апликации со нивните „лајт“ варијанти (да речеме, Facebook) или сосема различни платформи.