Колапс на социјалните мрежи:  Паднаа „фејсбук“, „инстаграм“ и „месинџер“

Засега не се знае што е причината за проблемот, ниту кога ќе се реши.

од Бети Божиноска

Корисниците на социјалните мрежи ширум светот пријавуваат проблеми со услугите на Мета – „фејсбук“, „инстаграм“ и „месинџер“, пренесуваат светските агенции.

Веста за проблемите во работата на платофрмите ја потврдија и на интерне- страницата „Даундетектор“, како и во повеќе светски медиуми.

Експертите официјално не објаснуваат што се случува со „фејсбук“ и „инстаграм“. Засега не се знае што е причината за проблемот, ниту кога ќе се реши.

Слични содржини