231
ЈПКД „Комуналец“ Струмица и оваа недела продолжи со акцијата за генерално чистење на Струмица, а денеска се чистеше горниот дел на градот.
Како што информираа од струмичкото комунално претпријатие, во акцијата се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците , 4 трактори, еден камион, а по подигањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши миење улиците.
– Сите граѓани од овие реони кој го пријавија својот отпад до денеска до 12 часот на бесплатниот телефонски број 13 110 ке биде подигнат во текот на акцијата, додаваат во информацијата од „Комуналец“.
Акцијата продолжува и наредните недели во месец јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.