Кинеската владејачка Комунистичка партија исфрли од своето раководство двајца поранешни министри за одбрана на земјата поради обвинувања за корупција. Ли Шангфу и Веи Фенг беа исфрлени од раководството на партијата поради „сериозно кршење на партиската дисциплина и законот“, објави денеска државната новинска агенција. Ли и Веи не се видени во јавноста со месеци.
Агенцијата објави дека истрагата покажала дека Ли не само што прифатил „голема сума пари и вредни предмети“, туку и нудел пари на други „за да добие незаконски придобивки“.
Поранешниот министер „нанесе огромна штета на каузата на партијата, развојот на националната одбрана и вооружените сили, како и на угледот на високи функционери“.
Обвиненијата против Веи, кој беше министер за одбрана од 2018 до март 2023 година, беа формулирани слично.
Веи беше следен на функцијата од Ли, кој беше заменет од морнаричкиот адмирал Донг Јун во октомври по само неколку месеци на функцијата. Не беше наведена причината.
Двата случаи сега се предадени на јавното обвинителство, јави агенцијата.