259
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека голем број населби во Мариупољ се под контрола на руските сили.
„Продолжи операцијата за ослободување на градот Мариупол од националистите. Единиците на Народната милиција на Република Доњецк во источниот дел на градот ја презедоа контролата врз областите Азовски, Најденовка, Љапино, Виноградар и влегоа во фабриката Азовстал. Во западниот дел на градот беше ослободен западниот регион, изјави денеска на брифингот портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој наведе и дека трупите на Доњецката Народна Република, продолжувајќи ги офанзивните операции, ја презеле контролата врз украинските населби Близ и Тавла и напредувале четири километри.