Кондовец се снимал додека пука па се заканувал: „Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“

од Milan1
62 прегледи

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол со две рамки и муниција. Со оружјето, осомничениот преку „Ватс ап“ се заканувал дека ќе нападне дете и неговиот татко.

За да се пофали дека поседува огнено оружје, тој најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето го зачувало видеото во телефонот.

На 7 април, кога детето веќе користело друг телефонски број, тој преку апликацијата му се јавил и му се заканувал дека ќе го убие него и неговиот татко, ако ја објави снимката со автоматската пушка, соопшти Обвинителството.

По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него. Се бара притвор.

Слични содржини