Конечно: Се огласува ЕМА за употребата на Астра Зенека, која е одлуката?

421 прегледи

Европската агенција за лекови за денеска најави прес-конференција за потенцијалната поврзаност помеѓу вакцината Астра Зенека и формирање на згрутчување на крвта.

Конференцијата беше објавена во 16 часот по средноевропско време.

Тема на онлајн прес-конференцијата ќе биде „заклучок на предупредувачкиот тест“ поврзан со таа вакцина против коронавирус и „случаи на тромбоза“, прецизира ЕМА чие седиште е во Амстердам.

Извршниот директор на ЕМА, Емер Кук, ќе учествува заедно со други претставници на агенцијата на конференцијата откако неколку европски земји престанаа да ја користат вакцината Астра Зенека  поради појава на згрутчување на крвта кај вакцинирани лица.

ЕМА вчера објави дека сè уште проценува дали вакцината Астра Зенека е потенцијално поврзана со формирање на тромби.

Претставник на ЕМА претходно за италијанскиот дневен весник „Месаџеро“ изјави дека постои „врска“ помеѓу вакцината Астраженец и случаите на тромбоза забележани по нејзината примена, но ЕМА тоа веднаш го демантираше.

Безбедносниот комитет на агенцијата со седиште во Амстердам „сè уште не дошол до заклучок и истрагата е во тек“, изјави тогаш ЕМА за АФП.

Слични содржини