Коњуфца: Вучиќ сака да го зачува тоа што веќе го нема, не се плашиме

од Milan1
91 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека не му оставаат впечаток заканите што претседателот на Србија, Александер Вучиќ ги упати кон Косово. Коњуфца истакна дека безбедносните институции се присутни на северот од државата, и нема причини за загриженост и страв.

„Вучиќ се обидува да го зачува тоа што веќе го нема и всушност преку прес-конференција ѝ се заканува на Република Косово, но ова е закана која, искрено, не ни остава многу впечаток. Не се плашиме, не сме загрижени, затоа што во тој дел од државата се институциите на Косово, таму се безбедносните институции, политичките институции, функционираат општините и тоа е изгубена шанса за граѓаните кои имаат поинакви мислења за да учествуваат во политичките процеси и да бидат соучесници во политичкиот процес“, изјави Коњуфца.

Слични содржини