78
Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатно следен канцелар Фридрих Мерц денеска постигнаа договор со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ.
Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц, пренесува Танјуг.
Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија.