Корона-пекол во Индија: Кислородот вреди колку злато, масовните кремации не престануваат

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Индискиот вид на коронавирус е потврден во 17 земји во светот, вклучувајќи и некои европски, објави Светската здравствена организација. Во однос на бројот на заразени и мртви, денес беше најлош ден за Индија од почетокот на епидемијата, а здравствениот систем веќе се распаѓа.

Веќе една недела од Индија пристигнуваат шокантни слики на очајни луѓе кои залудно чекаат лекарска помош. Преполни болници и импровизирани крематориуми, недостаток на лекови, респиратори и најмногу недостаток на кислород, што е единствениот спас за сериозно болните лица со Ковид-19.

Си-Ен-Ен разговарал со човек кој чекал со часови да добие кислород за неговиот болен дедо.

„Кога шишето ќе се наполни, ние се движиме за едно место и го полниме следното. Потребно е многу долго, но мора да почекаме додека не се наполнат сите шишиња“, објасни тој.

Недостасуваат вакцини, иако Индија е најголем производител во светот.

„Ни велат дека нема вакцина. Тие не пристигнале“, се жали жителката на Мумбаи, Пушпа Госвами. „Бев поканета на вакцинација пред три дена, но тие ми велат да се јавам и да проверам кога ќе пристигнат вакцините“, додаде таа.

Бројот на загинати од коронавирус во Индија денес надмина 200.000. Во изминатите 24 часа беа евидентирани 360.000 нови случаи, што е најголем дневен број регистрирани во светот од почетокот на пандемијата. Кислородот достигна цена на злато.

„Ни велат да одиме дома и да чекаме да умре некој наш. Тие немаат чувство за нашата болка. Немаат никој што ги чека дома болен“, вели жител на Делхи.

Според вкупниот број на жители, бројот на заразени лица во Индија е помал отколку во многу европски земји, но проблемот е во тоа што здравствениот систем се распаѓа и дека реалните бројки може да бидат многу пати поголеми, и тој вистински пекол, експертите предупредуваат, допрва доаѓа.

„Многу луѓе умираат. Владата вели дека нема место за паника, но знаеме дека скоро илјада луѓе умираат секој ден на ова место“, рече работник на погребна компанија.

Оваа ситуација е последица и на одлуката на индиската влада да прогласи победа над короната пред еден месец и да дозволи големи верски и политички собири. Сега, владата во Делхи не може сама да се справи со последиците.

Американскиот претседател Џо Бајден најавува помош.

„Исто како што Индија испрати помош до Соединетите држави, кога нашите болници беа преполни на почетокот на пандемијата, ние сме решени да и помогнеме на Индија во неволја“, рече тој.

Помош за Индија стигна од целиот свет, но ако не е доволно, вирусна бомба од потконтинентот може да ги уништи сите напори човештвото да се избори со короната до крајот на летото.

Слични содржини