Кортни Кардашијан за Ноќта на вештерките се маскираше во нејзината сестра Ким Кардашијан. Кортни го рекреираше изгледот на Ким од 2013 година кога се појави на првата Мет Гала на која беше поканета.
Ким тогаш носеше цветен фустан од Живанши и беше бремена, исто како што е сега Кортни. „После таа Мет Гала, во солзи отидов дома“, призна еднаш Ким и откри дека е многу несигурна во комбинацијата. Штом фотографиите во цветниот фустан станаа вирални на интернет, Ким стана вирална шега и многумина ја споредија со – каучот на баба.
View this post on Instagram
„Таа година сама ги шминкав моите усни, бојата беше сосема погрешна. Но, денес тоа е еден од моите омилени изгледи“, изјавила Ким.
Копирањето на нејзината сестра од страна на Кортни ги насмеа следбениците бидејќи токму Ким ја обвини дека постојано ја копира во една од епизодите на нивното реално шоу. „Јас се омажив во Италија, велам ли дека ме копираш со тоа што се омажи и ти во Италија? Андреа Бочели ми пееше, а кој пееше на твојата свадба? Истиот пејач“, ја обвини тогаш сестра си, а изгледа дека Кортни реши да ѝ се оддолжи.