Косово има 1.586.659 жители

од Milan1
185 прегледи

Според прелиминарните резултати од пописот на населението, Косово има 1.586.659 жители, соопшти денеска Агенцијата за статистика.
Директорот на Агенцијата Авни Кастрати на прес-конференцијата изјави дека во прелиминарните резултати од пописот не се пријавени државјани во странство.

За косовската дијаспора пописот ќе трае до 21 август, а досега според првичните податоци се регистрирани близу 600.000 жители на дијаспората.

Од вкупно 1.586.659 жители, 795.046 се мажи, а 791.614 се жени.

Според податоците на Агенцијата за статистика, бројот на жители е зголемен во девет општини, додека во 29 локални самоуправи тој број е намален.

Кастрати нагласи дека пописот во општините на север е во голема мера бојкотиран.

„Во четирите општини на северот на Косово имаше бојкот во голема мера, но има учество на граѓаните.

Слични содржини