Косовска полиција: Затворивме 35 српски институции во Косово

од Milan1
21 прегледи

Властите на Косово денеска изјавија дека продолжуваат со разбивање на паралелни српски институции во повеќе општини, за кои тие сметаат дека се нелегални. Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла утрово на социјалните мрежи информираше дека биле спроведени полициски операции во десет општини.

– Полициските операции беа спроведени во десет општини – Липљан, Обилиќ, Приштина, Фуш Косово, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац и Србица – што доведе до затворање на паралелни општини, поштина и даночни канцеларии со кои управува Србија, пишува Свечља.

Министерот оваа акција ја опиша како „крај на ерата на паралелни и криминални општини и институции на Србија во Косово“.

Елберт Красниќи, пак, кој е актуелен министер за администрација на локалната самоуправа, истакна дека вкупно 28 српски паралелни општини и нивните пет административни области во Косово се затворени.

Овие српски институции, кои функционираат од Косовската војна во 1999 година, беа прогласени за нелегални од страна на косовската влада.

Процесот за нивно затворање започна на почетокот на 2023 година, како дел од програмата на Косово за потврдување на суверенитетот и целосно интегрирање на сите области под една власт.

Како одговор и реакција на овие дејствија на косовските власти, најголемата политичка партија што ги претставува Србите во Косово, Српска листа најави претстојна средба со властите по која ќе следува изјава за медиумите.

Слични содржини