Косовската полиција уапси едно лице во Лепосавиќ под сомнение за кражба на идентитет. Станува збор за маж со иницијали М.К. Веста за Коссев ја потврди заменик командантот на КП за северен регион Ветон Елшани.
Полицијата наведува дека имала сознанија за евентуално извршување на кривично дело кражба на идентитет, а службениците на редовната единица на КП денеска го сопреле на територијата на општина Лепосавиќ, а потоа го привеле.
„Ова лице има два идентитети – едниот за српски документи, а другиот за документи на Косово“, изјави заменик командант на КП за северниот регион.
Нему му е одреден притвор од 48 часа.
Истовремено, полицијата извршила претрес во куќата на ова лице во северниот дел на Косовска Митровица, каде што пронашла и запленила доказен материјал, изјави Ељшани без да прецизира што точно е одземено.
Иако засега официјално е обвинет за кражба на идентитет, Елшани наведува дека постои можност делото да биде преквалификувано во зависност од натамошниот тек на истрагата.
„Се сомнева дека земал нечии податоци, но ќе видиме, ако не е така, ќе се смени квалификацијата на кривичното дело“, рече тој.
М.К. беше ангажиран во Мрежата „Мост“ неколку години на функцијата новинар, односно член на надзорниот одбор на оваа мрежа. Тој бил и близок соработник на поранешниот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, Александар Вулин и функционер во неговата партија, Движењето на социјалистите.
Во времето кога Вулин раководел со Канцеларијата за Косово и Метохија, за односи со медиумите на терен бил задолжен М.К.