Косовската полиција упадна во аптека во српскиот дел на Косовска Митровица, што доведе до конфликт, со локалното српско население.
Косовската полиција при својата акција во Северна Митровица користи шок бомби и солзавец. Поради акцијата неколку стотици граѓани блокираа неколку улици и се слушаат сирени за тревога.
Според неофицијални информации, слична акција се спроведува во моментов и во Звечан.