827
Kосовската полиција во моментов спроведува акција во Северна Митровица, а граѓаните поради акцијата ја блокирале улицата „Кнез Милош“. Според порталот „Косово онлајн“, косовската полиција дошла од Јужна Митровица и влегла во една од градските аптеки.
За време на акцијата се слушнале неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се од шок бомби. Откако започна акцијата, постојано се слушаат сирени за тревога во Северна Митровица.
Според информациите на „Косово онлајн“, полициските акции се во тек на неколку места на север, во близина на Северна Митровица и во Звечан, и во овој момент нема потврдени податоци дали се ангажирани и припадници на Росу.