127
Костадин Костадинов, член на Извршниот одбор на СДСМ, смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ постапува лицемерно во врска со прашањето за името.
„Крајно лицемерно е од страна на опозицијата која трошеше пари на лажен барок, палми, споменици и згора на се поднесува амандмани за промена на опашка на споменик бик, да зборува за државни интереси, а воедно секојдневно се потпишува под уставното име Република Северна Македонија“, рече Костадинов.
Тој на вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ тоне политички и шири лажни вести, со што ја манипулира јавноста.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне политички и шири лажни вести, СДСМ секојдневно е помеѓу граѓаните и на страната на граѓаните. За нас Зборот важи“, кажа Костадинов.