Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен

од Milan1
385 прегледи

Првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата. Вака Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ ги опиша неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија.

На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.

– Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.

Слични содржини